Дома Фудбал Раниери ја води Рома, но и бара нов тренер: Ќе се потрудиме сега да не погрешиме

Раниери ја води Рома, но и бара нов тренер: Ќе се потрудиме сега да не погрешиме

Во 2024 година, Рома имаше четворица тренери, а по оваа сезона на клупата ќе седне ново име. По Жозе Мурињо, Даниеле Де Роси, Иван Јуриќ и сега актуелниот Клаудио Раниери, клубот веќе је во потрага по ново име..

Откако клубот во 2020 година го презеде американскиот претприемач и филмски продуцент Дан Фридкин, структурата на е во комплетен хаос. Ниту во еден момент не беше јасно која е чија работа, и многу имиња се изменуваа на различни позиции, не само тренерските.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Рома е најлошо водениот клуб во Европа, а Раниери поради љубовта кон римскиот клуб ја прекина пензијата и се обврза да помогне. Тренерската работа ќе ја извршува до крајот на сезоната, а во новата Рома ќе оди со нов тренер на клупата. Ова го потврди самиот 73-годишен експерт, автор на едно од најголемите изненадувања во Премиер лигата во сезоната 2015/16 кога Лестер Сити го водеше до титула.

“Бараме добар тренер. Тоа е тоа. Ќе се потрудиме да не погрешиме во изборот”, потврди тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нико Ковач пред еден од најголемите предизвици во кариерата?

Нико Ковач (53) е еден од кандидатите за тренерската позиција на германскиот великан и акт…