Дома Фудбал Рамос клоцна ривал и доби – црвен картон (Видео)

Рамос клоцна ривал и доби – црвен картон (Видео)

Искусниот шпански фудбалер Серхио Рамос стана тема на денот во Мексико откако ноќта меѓу неделата и понеделникот заработи директен црвен картон при победата на неговиот Монтереј против Пумас со 3:1 во натпревар од 12. коло на Клаусурата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Некогашниот капитен на Реал Мадрид беше исклучен во првата минута од продолжението кога удри противнички играч со лакот, а главниот судија на натпреварот немаше дилема да го испрати искусниот одбранбен играч порано во соблекувалната.

Овој гест на Рамос воопшто не му се допадна на тренерот на домашниот тим, кој беше прилично критичен кон поранешниот шпански репрезентативец.

„Странците треба да бидат пример за домашните играчи во лигата. Мислам дека Рамос требаше да биде исклучен и порано, без разлика што станува збор за големо име. Ако го направеше ова некој од локалните играчи, ќе го исклучеа во 20. минута, немаше потреба да се чека крајот на натпреварот. Кога се работи за странец, се мери со други аршини и тоа е нешто што не ми се допаѓа во целата приказна“, рече тренерот на Пумас Ефран Хуарез.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…