Дома Моторспорт Рајконен најбрз во послените тестирања на болидот во Ф1

Рајконен најбрз во послените тестирања на болидот во Ф1

Возачот на Ферари, Кими Рајконен денес оствари најбрзо време во текот на последниот ден од предсезонските тестирања на стазата Каталонија во Барселона.

Рајконен оствари време од 1:17,221 минути и беше за 0,5 секунди побрз од Фернандо Алонсо од Макларен.

„Во Мелбурн ќе видиме што сме направиле на тестирањата. Ќе дадеме се од себе. Чувството е одлично“, истакна Рајконен, пренесуваат британските медиуми.

Актуелниот шампион, Луис Хамилтон од Мерцедес, беше 11. со резултат 1:19,464 додека неговиот клупски колега Ботас, беше побрз и оствари шесто време од 1:18,825 минути.

Возачите на Мерцедес ги завршија предсезонските тестирања бидејќи извозеа 1.037 кругови, повеќе отколку било кој клуб. Ферари извози вкупно 925 кругови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Мекларен не запира со засилувањата: По возачите, на ред се инженерите на Ганаси

Крис Симонс и Рос Банел се очекува да му се приклучат на Ероу Мекларен за сезоната 2027, д…