Дома Фудбал Рафиња: Ме навредуваа, ако ме почитуваа – и јас ќе го почитував!

Рафиња: Ме навредуваа, ако ме почитуваа – и јас ќе го почитував!

По најлудиот натпревар во сезоната и победата на Барселона против Бенфика на гостински терен со резултат 5:4, дојде до судири на стадионот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонците по првото полувреме губеа со резултат 3:1, а во 64. минута постигнаа гол.

Меѓутоа, наместо израмнување, со автогол на Араухо, Бенфика дојде до 4:2, по што почна вистинската лудост.

Левандовски намали на 4:3 во 78. минута, Гарсија израмни во 86., а Рафиња, кој беше двоен стрелец на овој натпревар, во 96. минута донесе победа на Барселона.

Бразилецот после натпреварот имаше судир во тунелот на стадионот во Лисабон. Гостите бурно ја славеа победата, а тоа не им се допадна на фудбалерите на Бенфика. Неколкумина од нив, наводно, го нападнале Рафиња, а шпанските медиуми наведуваат дека морала да реагира и полицијата.

– Ме навредуваа, а јас им возвратив. Ако ме почитуваа, и јас нив ќе ги почитував. Наместо тоа, ме навредуваа, но не им останав должен – рече Бразилецот и додаде:

Ова е мојот најдобар натпревар. Се гордеам што сум во Барселона и со оваа екипа. Би убил и умрел за неа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Иранците не смееле да останат во САД ниту една ноќ, веднаш им било наредено да заминат!

Иранскиот селектор Амир Галенои изјави дека неговата репрезентација само неколку часа по н…