Дома Фудбал Рафиња игра неверојатна сезона во Барселона – изедначи и рекорд на Меси!

Рафиња игра неверојатна сезона во Барселона – изедначи и рекорд на Меси!

Барселона ја совлада Борусија Дортмунд со 4:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а Рафиња го постигна водечкиот гол на мечот и додаде уште две асистенции за Роберт Левандовски и Ламин Жамал.

Рафиња на овој начин го изедначи клупскиот рекорд на Лионел Меси по број на голови и асистенции во една сезона на Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Познатиот Аргентинец во сезоната 2011-12 вкупно учествуваше во 19 голови на Каталонците, што сега успеа да го направи и Бразилецот откако голот против жолто-црните од Вестфален му беше вкупно 12-ти од почетокот на сезоната, а забележа и седум асистенции.

Рафиња до крајот на натпреварувањето има голема шанса да го надмине Меси и да постави нов клупски рекорд.

Овој 28-годишен Бразилец дојде во Барселона во 2022 од Лидс за околу 60 милиони евра. Претходно играше и во Португалија (Виторија Гимараеш и Спортинг Лисабон) и во Франција (Рен).

Реваншот помеѓу Борусија и Барселона е закажан за вторник на 15 април во Дортмунд.

Фото: FC Barcelona/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…