
Екипата на Работнички од денеска ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот против Торпедо Белаз кој е закажан за 17 јули на арената „Тодор Проески“, првиот натпревар во Белорусија се игра утре.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Продажбата на билетите се одвива онлајна преку платформата на МКТикетс (ТУКА).
„ФК Работнички преку онлајн мрежата на МКТикетс ги пушти во продажба билетите за реваншот против Торпедо-Белаз. Отворена е Северната трибина, а билетите по цена од 200 денари можат да се купат на следниот линк…“, соопштија од клубот.