Дома Останати Пукна нов скандал: Нејмар заедно со ѕвездите на Реал и Тотенхем организирал оргии!

Пукна нов скандал: Нејмар заедно со ѕвездите на Реал и Тотенхем организирал оргии!

Новинарот, Матеус Балди пишува дека тројцата репрезентативци на Бразил, Нејмар, Винисиус и Ришарлисон организирале оргии по натпреварот против Венецуела во јужноамериканските квалификации.

Бразил изненадувачки одигра 1:1, но тоа очигледно не ги погодило премногу тројцата фудбалери.

„По натпреварот со Венецуела, Нејмар одлучил да направи журка во лускузниот хотел. Некои девојки биле присутни на забавата, а по старото правило мобилните телефони ги оставиле на влезот“, пренесуваат медиумите.

Сепак, низ градот според информациите на Балди се ширела аудиоснимка.

„Во аудиоснимката која кружи низ градот, една жена тврди дека Нејмар останал со Ребека Рибеиро, Винисиус Жуниор со Летиција Согиро, а Ришарлисон со Рита Лопезс. Летисија била и забележана кога го напуштила хотелот во кој престојувала бразилската репрезентација“, објави познатиот новинар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Штип го славеше златото на Џорлев, шампионот веќе сонува сениорски врв

Марко Џорлев доби свечен пречек во Штип по кадетската светска титула во Полска. По петте п…