Дома Фудбал Промени во составот пред стартот на квалификациите: Отпаднаа двајца, Милевски повика замена

Промени во составот пред стартот на квалификациите: Отпаднаа двајца, Милевски повика замена

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски после првиот тренинг се соочи со непланирани проблеми поради повреди на двајца фудбалери. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Милан Ристовски и Лирим Ќамили нема да бидат во составот на македонската репрезентација за претстојните натпревари против Лихтенштајн и Велс.

Како замена, селекторот дополнително го повика Давид Тошевски од Австрија Клагенфурт.

Настапот на Стефан Ашковски останува неизвесен поради повреда на зглобот, а неговата состојба ќе биде дополнително проценета од медицинскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овој Мундијал може да биде најефикасен досега, причина е топката!

Светското првенство во фудбал започна со 121 гол во првите 40 натпревари, што е скоро четв…