Фудбалерот на Барселона, Феран Торес, ќе биде отсутен во наредните две недели од терените поради повреда на стапалото во дербито против мадридскиот Атлетико минатиот викенд.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанските медиуми наведуваат дека фудбалерот на Барселона ќе мора да го пропушти натпреварот од 1/16-финалето на Купот на кралот против екипата Барбарстро, кој е на програмата на 4 јануари следната година.
Торес треба да биде подготвен за полуфиналето на Суперкупот на Шпанија против Атлетик Билбао, кое ќе се игра на 8 јануари во Џеда, што во моментот е многу поважно.
Шпанскиот фудбалер во последните половина час доби шанса против Атлетико на местото на Гави, но очигледно немаше среќа против гостите од Мадрид кои до победата од 2:1 стигнаа во длабокото продолжение на времето.