Дома Фудбал Проблем за Бразил: Алисон се врати во Ливерпул поради потрес на мозокот

Проблем за Бразил: Алисон се врати во Ливерпул поради потрес на мозокот

Англиските медиуми објавија дека голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, се врати во клубот откако прими незгоден удар во глава бранејќи го голот на репрезентацијата на Бразил.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Алисон Бекер беше заменет во 78. минута од натпреварот со Колумбија (2:1) по судирот со фудбалерот на Галатасарај, Давинсон Санчез.

Тогаш 32-годишниот голман здоби повреда на главата и беше заменет поради сомнеж за потрес на мозок.

Докторот на бразилската селекција изјави дека Алисонсе чувствува добро и не пријавил несвестица или губење на паметењето.” Сепак, беше одлучено превентивно да се врати во Ливерпул и таму да продолжи со испитувањата.

Тоа значи дека Алисон дефинитивно ќе го пропушти големиот дерби на јужноамериканските квалификации за Светското првенство против Аргентина во Буенос Аирес. Бразил со еден натпревар повеќе е на второ место со 21 бод, Аргентина е прва со 25 бода и натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабрицио Романо со „here we go“ ја потврди „бомбата“: Манчестер сити има нов тренер!

Енцо Мареска наскоро ќе го преземе кормилото на Манчестер Сити и ќе го замени Пеп Гвардиол…