
Одбранбениот играч на Ливерпул, Ибрахима Конате, очекувано ќе го напушти клубот ова лето како слободен играч, бидејќи му истекува договорот. По долгите месеци на преговори и изразениот оптимизам од страна на фудбалерот, конечно не беше постигната спогодба за продолжување на неговиот престој на „Енфилд“ по 1 јули.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Заминувањето на Конате е значаен удар за дефанзивните планови на новиот тренер Арне Слот. Договорот на 27-годишниот стопер наскоро завршува, а и покрај повеќемесечните преговори, talkSPORT објави дека преговорите на крајот пропаднале без резултат. До април, играчот посочуваше дека својата иднина ја гледа на “Енфилд”, блиску до постигнување договоор.
“Пишуваа различни работи, но долго време веќе разговараме со клубот и близу сме до постигнување договор. Мислам дека сите сакаме да се разреши што побргу оваа ситуација, но се движиме во добра насока”, изјави тогаш Конате и додаде: “Секако, постои голема веројатност дека и следната сезона ќе бидам тука. Тоа е она што секогаш сум го посакувал.”
Егзодусот од Енфилд се продолжува
Конате го напушта клубот истовремено со големи ѕвезди како Мохамед Салах и Енди Робертсон. Сите тројца беа клучни фигури во победата на Ливерпул во Премиер лигата во сезоната 2024/25, осигурувајќи си го статусот на модерни легенди на клубот.
Додека Салах и Робертсон се поздравија емоционално со навивачите минатиот викенд во ремито 1:1 против Брентфорд, ситуацијата на Конате во тој момент беше неизвесна. Сега, кога неговото заминување стана сигурно, Французинот ќе го заврши своето успешно петгодишно работење во клубот, каде што формираше извонреден стоперски тандем со Вирџил ван Дајк, на кој се потпираа и Јурген Клоп и Арне Слот.