Дома Фудбал Премиерлигаши во трка за фудбалер на Милан – цената е 45 милиони евра

Премиерлигаши во трка за фудбалер на Милан – цената е 45 милиони евра

Ако нешто може да се очекува од Страхиња Павловиќ, тоа е борба за секоја топка. Како таков, многумина ќе кажат дека едноставно припаѓа во Премиер лигата, а токму еден клуб од тоа натпреварување е подготвен да го доведе некогашниот дефанзивец на Партизан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Страхиња Павловиќ е мета на Кристал Палас, како што пренеле англиските медиуми, и нудат 30.000.000 евра за неговите услуги.

Од друга страна, Милан сериозно смета на Србинот и го вреднува на цели 45.000.000, па засега сѐ е далеку од договор.

Кристал Палас бара дефанзивец што би можел да го замени Марк Геи кој е таргет на Тотенхем и Челси во овој преоден рок.

Милан има долгогодишен договор со Павловиќ, ќе трае уште три години и јасно е дека може да поставува услови кои одговараат на клубот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…