Барселона е во напредни преговори со дефанзивецот на Леверкузен и германската репрезентација, Џонатан Тах.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тах одигра фантастична сезона со „фармацевтите“ и солидно одигра на Европското првенство, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Со оглед дека Џонатан Тах има актуелен договор со Баер Леверкузен до 2025 година Барселона може да го доведе без обештетување и веќе почнала преговори.
Неговиот агент Пини Захави е во одлични односи со Каталонците, па поради тоа Барса е оптимист дека ќе ја победи конкуренцијата.
Голем интерес за Германецот има и од Реал Мадрид, но Ханзи Флик ќе одигра клучна улога за Тах да се пресели во Барселона.
🔵🔴👀 #FCB https://t.co/DYh1UGmcEg
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 25, 2024