Дома Трансфер зона Преговорите во напредна фаза, Барса на чекор до големо засилување

Преговорите во напредна фаза, Барса на чекор до големо засилување

Барселона е во напредни преговори со дефанзивецот на Леверкузен и германската репрезентација, Џонатан Тах.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тах одигра фантастична сезона со „фармацевтите“ и солидно одигра на Европското првенство, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Со оглед дека Џонатан Тах има актуелен договор со Баер Леверкузен до 2025 година Барселона може да го доведе без обештетување и веќе почнала преговори.

Неговиот агент Пини Захави е во одлични односи со Каталонците, па поради тоа Барса е оптимист дека ќе ја победи конкуренцијата.

Голем интерес за Германецот има и од Реал Мадрид, но Ханзи Флик ќе одигра клучна улога за Тах да се пресели во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…