Дома Фудбал Преговорите напредуваат, Ганрачо пред трансфер во Челзи

Преговорите напредуваат, Ганрачо пред трансфер во Челзи

Преговорите меѓу Челси и Манчестер Јунајтед за трансферот на Алехандро Гарначо на „Стамфорд Бриџ“ напредуваат и договорот е близу, информира трансферниот експерт Фабрицио Романо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинецот одамна реши дека единствениот трансфер што ќе го прифати ќе биде во Челси. Поради таа причина во последните 48 часа тој одби понуда од Баерн Минхен.

Според Романо, односите меѓу главниот извршен директор на Манчестер Јунајтед Омар Берада и управата на Челси се многу добри, што ќе ја олесни зделката.

„Црвените ѓаволи“ бараа околу 50 милиони фунти за 21-годишното крило, но Лондонците дефинитивно немаат намера да ја платат таа сума и го оценуваат играчот на 30 милиони. Веројатно двата клуба ќе се договорат некаде на средина.

Гарначо веќе се договори со Челси за своите лични услови. Аргентинецот одигра вкупно 144 натпревари за Јунајтед, постигна 26 голови и направи 22 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Преговорите помеѓу Реал Мадрид и Мурињо се приближуваат до својот крај

Тренерот на Бенфика Жозе Мурињо е на чекор до враќањето како тренер на Реал Мадрид, соопшт…