Дома Фудбал Познато кој ќе решава за судбината на Санчо

Познато кој ќе решава за судбината на Санчо

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим ќе одлучува за судбината на Џејдон Санчо, доколку Челси не го откупи неговиот договор.

Раководството на клубот од Олд Трафорд му даде слободни раце на Португалецот за решавање на проблематичната ситуација со англискиот фудбалер.

Крилниот играч моментално игра како позајмен во Челси, кој на лето ќе има обврска да го задржи на „Стамфорд Бриџ“ и да плати 30 милиони евра доколку заврши барем на 14. позиција на табелата. Очигледно тоа и ќе се случи, бидејќи лондонските сини моментално се наоѓаат на петтото место во Премиер лигата.

Сепак, постојат индикации дека тимот под водство на Енцо Мареска ќе се обиде на некој начин да ја избегне споменатата обврска доколку не биде задоволен од настапите на Санчо во западен Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Четири клубови подготвуваат тужба за 800 милиони против Ман Сити

Манчестер Сити може да се соочи со нов сериозен проблем, бидејќи четири клуба од Премиер л…