Дома Фудбал Познато кој ќе решава за судбината на Санчо

Познато кој ќе решава за судбината на Санчо

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим ќе одлучува за судбината на Џејдон Санчо, доколку Челси не го откупи неговиот договор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Раководството на клубот од Олд Трафорд му даде слободни раце на Португалецот за решавање на проблематичната ситуација со англискиот фудбалер.

Крилниот играч моментално игра како позајмен во Челси, кој на лето ќе има обврска да го задржи на „Стамфорд Бриџ“ и да плати 30 милиони евра доколку заврши барем на 14. позиција на табелата. Очигледно тоа и ќе се случи, бидејќи лондонските сини моментално се наоѓаат на петтото место во Премиер лигата.

Сепак, постојат индикации дека тимот под водство на Енцо Мареска ќе се обиде на некој начин да ја избегне споменатата обврска доколку не биде задоволен од настапите на Санчо во западен Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Никој не сака Реал Мадрид да го одобри планот на Винисиус: „Не смеете тоа да го дозволите“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор има намера, ако потпише продолжување на договорот…