
Лионел Меси, најголемата ѕвезда на МЛС лигата и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, сѐ повеќе извесно, ќе ја продолжи кариерата во дресот на Интер од Мајами. Според информациите кои ги пренесува Атлетик, Меси наводно договорил продолжување на соработката со клубот од Флорида.
Сегашниот договор го врзува аргентинскиот ас со Интер до летото 2025 година, но новиот договор значи дека 37-годишниот Аргентинец ќе остане во клубот и после тоа. Деталите на траењето на новиот договор не се познати, но причините за останување се јасни – легендарниот напаѓач ќе заработува вистинско богатство.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Имено, Интер Мајами, клуб во сопственост на Дејвид Бекам, планира големо преселување во 2026 година на нов стадион вреден повеќе од милијарда долари. Поранешниот капитен на репрезентацијата на Англија сака токму Меси да биде лицето на овој проект и да го води тимот во почетокот на новата ера на американскиот фудбал.
Со Меси, во дресот на Интер моментално играат и неговите поранешни соиграчи од Барселона: Жорди Алба, Серхио Бускетс и Луис Суарез. Но, тука не е крајот – според шпекулациите, Кевин Де Брујне, ѕвезда на Манчестер Сити и еден од најдобрите играчи на средината на теренот во денешно време, може наскоро да се приклучи на тимот од Флорида.