Дома Фудбал Познати се фаворитите: Кој ќе ја наследи „десетката“ на Мoдриќ?

Познати се фаворитите: Кој ќе ја наследи „десетката“ на Мoдриќ?

По речиси 13 години поминати во Реал Мадрид, Лука Модриќ и официјално се збогува од клубот. Во тимот пристигна во еден од најтешките периоди за мадридскиот состав, а во текот на годините стана еден од клучните играчи во најуспешниот период во историјата на клубот. Со неговото заминување останува празнина во екипата која следната сезона ќе игра под водство на Чаби Алонсо, а се отвора и прашањето кој ќе го наследи дресот со број десет.

Според пишувањето на шпанската Марка, прв кандидат за бројот на Модриќ е Kилијан Мбапе, кој моментално носи деветка. Постојат можности дека, како што некогаш направи Кристијано Роналдо, Мбапе ќе ја преземе десетката, особено затоа што тој број веќе го користи во репрезентацијата на Франција. Во тој случај, токму тој би бил главниот фаворит за преземање на тој број.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Втора сериозна опција е Џуд Белингам, кој исто така би можел да стане новиот сопственик на „десетката“. Меѓутоа, англискиот играч од средината на теренот веќе го носи бројот пет, исто како што некогаш го носеше неговиот идол Зинедин Зидан, и изгледа дека неговата цел е да остане приврзан кон тој број, што до некаде ја намалува веројатноста да го промени.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сопствениците на Ливерпул сакаат нов клуб, го најдоа во Шпанија: Соседи се на Реал и Атлетико

Според информациите на шпанскиот весник AS, американската инвестициска група Fenway Sports…