Дома Фудбал Позната примарната трансфер цел на Ливерпул

Позната примарната трансфер цел на Ливерпул

Ливерпул ќе се обиде да го привлече ова лето талентираниот играч од средниот ред на Кристал Палас, Адам Уортон.

Според “Сан”, тимот од Мерсисајд е спремен да понуди над 50 милиони фунти за 21-годишниот Англичанец, кој е интересен и за Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Уортон стигна до националниот тим на Англија и беше дел од поширокиот состав за Евро 2024. Оваа сезона имаше здравствени проблеми и изостана три месеци поради операција на слабината во ноември.

Тоа значително ги ограничи неговите настапи оваа сезона. Неговата визија за играта и прецизноста во додавањата кон напаѓачите го задржуваат сериозниот интерес од Ливерпул и другите кандидати.

На почетокот на 2024 година, Кристал Палас плати на Блекберн 18 милиони фунти, а при следна продажба, Роверс ќе добие 15% од заработката на “орлите” над оваа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Распродажба во Барселона: Флик отпиша дури шесторица – им кажа да бараат нови тимови

Барселона оваа сезона покажа целосна доминација во Шпанија бидејќи освои сè што можеше, но…