Дома Трансфер зона Позната најголемата јануарска желба на Милан

Позната најголемата јануарска желба на Милан

Милан е силно заинтересиран за ѕвездата на Торино и италијански репрезентативец, Самуеле Ричи, пренесува „Газета дело Спорт“.

23-годишниот Ричи игра одлично и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Веќе го доби питетот „новиот Пирло“, а неговата цена во моментов е помеѓу 40 и 50 милиони евра.

Милан е во потрага по квалитетен играч за врска и го означил Ричи како примарна трансфер цел, но ќе мора да ја победи конкуренцијата.

Исто така проблем е што Торино не сака да ја пушти својата ѕвезда на среде сезона туку следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…