Дома Фудбал Повторно ништо,пожарникарите не дозволија враќање на “Камп Ноу”

Повторно ништо,пожарникарите не дозволија враќање на “Камп Ноу”

По уште еден пат Барселона не доби дозвола веднаш да се врати на “Спотифај Камп Ноу”, дури и со ограничен капацитет. Поради ова, наредниот домашен натпревар против Реал Сосиедад во недела ќе се одржи на „Монтжуик“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Шампионите на Ла Лига на различни начини се обидуваат да добијат неопходното “Да” од општината, но секогаш постои некаков проблем. Сега се разбра дека Градскиот совет не издал дозвола на Барса за првично користење на стадионот. Причината е што пожарникарите утврдиле недостатоци во мерките за безбедност, особено во однос на патеките за евакуација.

Според оваа состојба, тимот на Ханзи Флик ќе продолжи да го користи малиот „Јохан Кројф“ на својата база или олимпискиот стадион „Луис Компанис“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо одговори на провокациите од навивачите на Ал-Ахли (Видео)

Кристијано Роналдо повторно беше во центарот на вниманието, не само поради своите фудбалск…