Дома Фудбал Повеќе нема дилема кој ќе биде прогласен за најдобар фудбалер во светот

Повеќе нема дилема кој ќе биде прогласен за најдобар фудбалер во светот

France Football на 22 септември во Париз ќе ја додели Златната топка за најдобар фудбалер во светот, а апсолутен фаворит за оваа награда е ѕвездата на ПСЖ Усман Дембеле.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Иако поради големите проблеми и повредите во Барселона многумина веќе го отпишаа од сериозна кариера, Усман Дембеле се издигна од пепелта и игра навистина врвен фудбал во ПСЖ.

Позади него е неверојатна сезона во која ја освои Лигата на шампионите, првенството и Купот, а ПСЖ уште е во игра да стане најдобар тим во светот.

Дембеле ќе ја добие круната за феноменалната сезона на 22 септември во Париз. 28-годишникот е апсолутен фаворит за добивање на Златната топка – наградата за најдобар фудбалер во светот.

Според последните анализи, Французинот има дури 77.5 проценти шанса за освојување на наградата и е далеку пред сите други фудбалери.

На второто место е младата ѕвезда на Барселона Ламине Јамал (25%), а уште еден играч на ПСЖ, португалскиот маг Витинја е на третото место со 11.1 процент шанса.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета: Ќе играме како ѕверови дoмa

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека играчите се подготвени да играат како ѕвер…