Дома Фудбал Потврдено: Шчесни останува во Барса

Потврдено: Шчесни останува во Барса

Војчех Шчесни и Барселона постигнаа договор за условите на новиот договор на голманот. Каталонскиот клуб и 35-годишниот полски голман се согласија за нов договор до летото 2027 година, и остануваат само формалности, објави Фабрицио Романо.

Од Барселона потврдија на Шчесни дека ќе се потпираат на него, и покрај идното доаѓање на Жоан Гарсија од Еспањол.

Шчесни ја обнови својата кариера и потпиша со Барселона по тешката повреда на Марк-Андре тер Штеген на почетокот од минатата сезона.

Полјакот одигра 15 натпревари во Ла Лига со 8 натпревари без примен гол. Тој прими просечно по 0,8 гола по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Германија не се истакна во дебито на Клоп, но беше на секунди од победа во Амстердам

Холандија и Германија одиграа 1:1 во натпревар од групата 2 во најсилната дивизија на Лига…