Дома Фудбал Потрес на Островот: Манчестер сити останува без 40 бодови?!

Потрес на Островот: Манчестер сити останува без 40 бодови?!

Манчестер Сити е советуван да се подготви за губење дури 40 поени, доколку биде прогласен за виновен за прекршување на правилата на финансискиот фер-плеј (ФФП).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од Острово стигаат вести кои би можеле да го променат текот на сезоната во Премиерлигата. Како што пренесува порталот “goal.com”, Сити би можел да изгуби дури 40 поени, но од лигата порачуваат дека “автоматско испаѓање од Премиерлигата не е опција”.

Останува нејасно како губењето на толку многу поени, што би го спуштило шампионот на Англија на дното на табелата со само еден поен, може да не доведе до последици во вид на испаѓање во понизок ранг.

Манчестер Сити се соочува со повеќе од 115 обвинувања за прекршување на финансиските правила.

Сослушувањето за обвинувањата поврзани со наводни парични измами е завршено, но пресудата сè уште не е донесена.

Сепак, извори сугерираат дека “граѓаните” може да се соочат со казни кои вклучуваат одземање на поени, забрана на трансфери, а потенцијално и елиминација од Премиерлигата.

На оваа ситуација се осврна д-р Роб Вилсон, професор по економија на Универзитетот Шефилд Халам и водечки експерт за фудбалски финансии. Во разговорот за “Слинго”, Вилсон ги изнесе своите прогнози.

Не очекувам дека ќе испаднат од лигата. Мислам дека ќе дојде до големо одземање на поени, претпоставував порано дека ќе оди до 50. Но, тогаш беа на врвот на Премиерлигата. Сега мислам дека одземањето би било некаде меѓу 20 и 40 поени, и веројатно ембарго на трансфери во летото. Очекувам дека ќе бидат казнети, но тоа ќе биде победа за Манчестер Сити и победа за Премиерлигата, бидејќи тоа ќе биде најголемото одземање на поени кое кога било се случило, но нема да биде толку силно за да навистина го дестабилизира клубот. Ембарго на трансфери мислам дека е скоро загарантирано, бидејќи треба да се обезбеди одредено ниво на спортски санкции“, рече Вилсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откако ја понижи БиХ следеше целосен пресврт: Американската водителка повторно се јави со порака

Абигејл Велез призна дека отишла предалеку во најавата за натпреварот САД – Босна и …