
Милан и Интер потпишаа договор со архитектонските фирми “Foster + Partners” и “MANICA” за да овие компании го дизајнираат новиот стадион за овие клубови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во изјавата објавена на официјалната страница на Интер, се наведува дека станува збор за „стратегиска инвестиција за иднината и опиплив знак на посветеност на градот Милано, неговата историја, културно, архитектонско и спортско наследство.”
Стадионот би требало да има 71.500 седишта.
Клучна недела е пред нив, во четврток ќе биде денот кога градскиот совет ќе се состане и ќе го разгледа стадионот, а во понеделник ќе се одржи гласање дали ќе биде одобрена продажбата на сегашниот стадион и околното земјиште.
Ако продажбата биде потврдена, двата клубови ќе добијат зелено светло да продолжат со проектот, сега веќе со архитектонски партнери кои ќе го водат натамошниот развој.