Дома Фудбал Постигнат договор, Милан се засилува со играч со македонско потекло

Постигнат договор, Милан се засилува со играч со македонско потекло

Милан и Клуб Бриж после долги преговори конечно постигнаа договор за трансфер на Ардон Јашари, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од „Сан Сиро“ веќе испратија понуда во висина од 32,5 милиони евра плус уште 5,5 милиони во форма на бонуси, но она беше одбиена од белгиската страна, која инсистираше на повеќе.

На крај двете страни постигнаа договор за трансфер вреден 38 милиони евра, од кои 4 милиони ќе бидат во форма на бонуси.

Јашари е швајцарски репрезентативец со македонско потекло и минатата сезона беше избран за најдобар играч во белгиската лига.

Јашари имаше понуди и од клубови во Премиер лигата, но тој инсистираше да се пресели во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Meси даде гол па се расплака: Поминувам низ тежок период…

Една недела пред да наполни 39 години, Лионел Меси го остави својот белег со хет-трик на С…