Дома Моторспорт Порше: Сериозно размислуваме за влегување во Формула 1

Порше: Сериозно размислуваме за влегување во Формула 1

Во јавноста подолго време се најавуваше дека автомобилските гиганти Порше, БМВ и Ауди планираат влегување во Формула 1. Сега дека преговараат потврдија од Порше.

Порше е познат по луксузните и брзите автомобили како и по настапите во автомобилистичките натпреварувања, а сега потврдуваат дека имаат планови да влезат во Формула 1.

„Не криеме дека размислуваме за Формула 1. Не е тајна и дека разговаравме со ФИА, сериозно размислуваме за влегување во Ф1. Засега одлуката не е донесена“, изјави Томас Лондебах, првиот човек на Порше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Ф1 подготвува големо „слабеење“: Болиди под 700 килограми и враќање на В8?

ФИА планира помали и полесни болиди со поедноставен погон. Новата ера се подготвува за 203…