Дома Останати Тенис Поранешната трета тенисерка во светот сака да остави сè за да се бори за Украина

Поранешната трета тенисерка во светот сака да остави сè за да се бори за Украина

Уште нема мир меѓу Украина и Русија по конфликтот кој почна во 2022 година, а украински спортисти се приклучуваа во меѓувреме во борбите.

Познатата украинска тенисерка Елина Свитолина е подготвена да остави сè и да оди во војна, за што зборуваше во Индијан Велс после победата во третото коло против Данијела Колинс – 6:2, 6:4.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Би отишла во војна. Сигурно. Но мислам дека вака повеќе придонесувам отколку да сум на фронтот“, изјави во интервју за германски „Билд“. „Собрав повеќе од 1,5 милион евра за мојата земја во последните три години. Мислам дека тоа е покорисно отколку да сум на фронтот со оружје. Многу од нашите војници не добија ни основна обука кога мораа да земат оружје и да ја бранат татковината. Покрај тоа имам семејство, па не сум во ситуација да заминам во војна“, потсети дека неодамна стана мајка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се расплака како мало дете во Атина: Додека сум жив…

Новак Ѓоковиќ не можеше да ги сокрие емоциите по триумфот во второто коло на „Hellenic Cha…