Дома Фудбал Поранешен судија по голот на Арсенал: Време е за промена на правилата

Поранешен судија по голот на Арсенал: Време е за промена на правилата

Поранешниот помошен судија на Премиер лигата Дарен Кан предложи промена на фудбалските правила според која на напаѓачите не би им било дозволено влегување во територијата на голманот, така наречениот петерец, при изведување на удари од агол. Прeдлогот доаѓа по контроверзната ситуација на натпреварот меѓу Арсенал и Вест Хем, каде што беше поништен клучен гол токму по мешаницата во казнениот простор.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Арсенал во неделата ја задржа водечката позиција во трката за титулата по поништувањето на доцниот израмнувачки гол на Калум Вилсон за Вест Хем. Главниот судија Крис Кавана првично го призна голот, но по интервенцијата на ВАР судијата Дарен Ингланд ја погледна снимката на мониторот покрај теренот. Се утврди дека Пабло го удрил голманот Давид Раја со лакт и направил прекршок.

Во моментот на изведување на корнерот, во петерецот со голманот Раја беа неколку играчи на Вест Хем, додека стрелецот Вилсон и голманот на Вест Хем Мадс Хермансен беа веднаш надвор од него. ВАР процени дека подигнатиот лакт на Пабло во мешаницата беше доволен за прекршок.

Кан, кој повеќе од 20 години бил линиски судија во Премиер лигата, гостувајќи во емисијата „Меч на денот“ на БиБиСи изјави дека промената на правилата е неопходна. “Сметам дека е време за промена на правилото според кое на напаѓачите не би смеело да им се дозволи да влезат во петерецот пред изведување на ударот од агол”, рече тој.

„При удари од гол, на напаѓачите не им е дозволено да бидат во казнениот простор. Слично на тоа, при корнери, не треба да им се дозволи влез во петерецот додека топката не влезе во игра”, додаде Кан, кој беше судија и во финалето на Светско првенство 2010 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците тврдат: Перез веќе одлучи кој ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид

Португалскиот тренер Жозе Мурињо повторно е главна тема во шпанските медиуми, а сè повеќе …