
Нико Паз ова лето ќе се врати во Реал Мадрид, но би можел експресно да се врати назад во – Италија!
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Доверливи аргентински извори тврдат дека Интер сериозно е заинтересиран за него и дека би го откупил од Реал Мадрид. Мадридскиот клуб има право ова лето да го откупи за само 9 милиони евра, што е вистинска ситница кога се зема предвид колку вреди Нико Паз денес.
Се шпекулира дека Интер би можел да плати и над 60 милиони евра за неговиот трансфер, но во Реал прво сакаат да видат дали ќе се вклопи во системот на новиот тренер.
Не е тајна дека Алваро Арбеола ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, не ги исполни очекувањата, клановите во соблекувалната пак го надвијаа тренерот и затоа новиот избор е многу важен.
Што се однесува до Паз, тој исто така мора да размисли што е најдобро за неговата кариера, бидејќи конкуренцијата во Реал е најблаго речено паклена. На позицијата офанзивен играч или десно крило каде што би можел да игра слично како Браим Диаз оваа сезона, веќе се и Џуд Белингем и Арда Гулер, така што никој не може да му гарантира на Паз сигурни минути и важна улога.
Од друга страна, Интер се подготвува за комплетна реконструкција на тимот, и покрај освоеното Скудето. Хенрик Мхитарјан е ветеран и заминува, Хакан Чалханоглу веќе е во години, Николо Барела значително падна во форма, така што Интер итно има потреба од свежа крв во средниот ред.