Дома Моторспорт Пол-позиција за Верстапен во Австрија, Хамилтон стартува како втор, Норис трет

Пол-позиција за Верстапен во Австрија, Хамилтон стартува како втор, Норис трет

Maкс Верстапен дојде до третата пол-позиција сезонава во Формула 1.

На трката за Големата награда на Австрија која ќе се вози утре Верстапен ќе стартува како лидер. Верстапен возеше по малку резервирано низ првите два квалификациски сессии, за во третата рунда да го извлече максимумот од својот болид и да обезбеди најдобро време.

Зад него следуваше Валтери Ботас, меѓутоа поради грешка на вчерашните тренинзи тој ќе стартува три позиции подоле.

Луис Хамилтон го имаше третото најбрзо време и ќе стартува втор, трет ќе биде Ландо Норис. Во топ 10 се уште: Перез, Гасли, Леклер, Цунода, Алонсо и Строл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Тешки падови на Филип Ајленд, Маркез го украде врвот во финишот

Марк Маркез беше најбрз на првиот тренинг во Австралија, со само 0,048 секунди предност пр…