Дома Фудбал Погледнете како изгледаше голот на Челси од камерата која ја носеше судијата (Видео)

Погледнете како изгледаше голот на Челси од камерата која ја носеше судијата (Видео)

Фудбалерите на Челси успешно го започнаа настапот на Светското клупско првенство. Во својот прв натпревар во групата Д, играчите на Челси го совладаа Лос Анџелес ФК со резултат 2:0, благодарение на головите на Педро Нето (34. минута) и Енцо Фернандез (79. минута).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Особено впечатлив беше првиот гол на натпреварот, кој за многумина е најубавиот досега на турнирот во САД. Носителите на преносните права го споделија на своите социјални мрежи како видео снимено со камерата на судијата на натпреварот.

Нето, со брзински маневар, влета во казнениот простор на ЛА, каде што му излезе во пресрет противничкиот одбранбен играч. Нето финтираше удар, што го натера чуварот да реагира непромислено. По дриблингот со десната нога, која го остави бранителот на тревата, фудбалерот на Челси ја префрли топката на левата и со силен удар заврши прекрасната акција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Барса во шок! Херој на Шпанија првпат зборува за трансферот во ПСЖ и ги разочара Каталонците: “Нека докажат дека ме сакаат!”

Статусот на Феран Торес на стадионот „Ноу Камп“ доживеа драматичен пресврт по Светското пр…