Дома Моторспорт Погледнете го инцидентот кој ја одбележи трката на Ф1 во Силверстоун

Погледнете го инцидентот кој ја одбележи трката на Ф1 во Силверстоун

Инцидентот помеѓу Себастија Фетел и Макс Верстапен ја одбележи денешната трка на Формула 1 во Силверстоун.

Во 37. круг Фетел се обиде да го помине Верстапен и да дојде до третата позиција, но се што успеа е да се удри во неговиот болид, по што следуваше излетување на двата болида од трката.

Фетел на крајот беше возачот кој полошо помина. Трката ја заврши на 16. место, додека Верстапен успеа да дојде до бодови и неговиот Ред Бул низ целта помина како петти.

Во Силверстоун победа славеше актуелниот светски првак Луис Хамилтон од Мерцедес, а зад себе ги остави клубскиот колега Ботас, додека честа на Ферари ја спаси Леклерк кој заврши како трети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Астон Мартин со нов потег: Од Формула 1 на терените за падел

Тимот се здружи со Паделтек за колекција рекети и додатоци, а во 2027 година соработката т…