Дома Фудбал Погба одбил понуда од Русија зашто сака да игра во ЛШ

Погба одбил понуда од Русија зашто сака да игра во ЛШ

Францускиот фудбалер Пол Погба изјави дека ја одбил понудата од Русија за време на суспензијата поради допинг и дека сака повторно да игра во Лига на шампиони.

Погба беше суспендиран на четири години минатиот февруари откако во септември 2023 падна на допинг тестот. По жалбата, Судот за спортска арбитража му ја намали суспензијата на 18 месеци, но Јувентус сепак го раскина договорот со 31-годишниот француски фудбалер.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Погба ќе може да ја продолжи кариерата во март, а медиумите го поврзуваат со многу клубови ширум светот. Се шпекулира дека би можел да игра во Саудиската лига, МЛС или Француската, а имаше и понуди од Русија.

Погба во разговорот на „Твич“ со познатиот француски стример Амин Ма Туе зборуваше за тоа што се случувало во изминатите месеци и за своите амбиции.

„Имаше предлози, имаше и интересни и не баш толку интересни работи… Русија, сето тоа, имаше понуди, но тоа не е целта. Имаме други цели. Клуб што игра во Лига на шампиони? Зошто да не. Ако дојде понуда, секако, зошто да не“, рече Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мбапе откри како излегол од состојбата во која „го допре дното“

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе разговараше со новинарите во пресрет на натпревар…