Дома Останати Ракомет Поединци на обезбедувањето во Битола ги нападнале „Комити“ (Видео)

Поединци на обезбедувањето во Битола ги нападнале „Комити“ (Видео)

Навивачката група „Комити“ упати сериозни обвинувања кон Ракометниот клуб Пелистер и Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола, тврдејќи дека нивни членови биле физички нападнати пред и за време на вчерашното дерби од македонското ракометно првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На натпреварот, кој се одигра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, гостуваше тимот на Вардар, а стотина приврзаници на „црвено-црните“ од Скопје пристигнаа во градот за да го поддржат својот клуб.

Според „Комити“, непосредно пред влезот во салата, тие биле физички нападнати од страна на домашното обезбедување, а инцидентот резултирал со неколку повредени лица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Митревски ја има третата најдобра асистенција во Лигата на шампионите (Видео)

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски се најде меѓу најдобрите асистенти во…