Дома Фудбал Почнале преговори: Арбелоа блиску да преземе клуб од Премиер лигата?

Почнале преговори: Арбелоа блиску да преземе клуб од Премиер лигата?

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и шпанскиот репрезентативец, Алваро Арбелоа, се спомнува како еден од можните наследници на позицијата менаџер на Фулам, по заминувањето на Марко Силва.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите на “Атлетик”, раководството на лондонскиот клуб веќе остварило разговори со Арбелоа, кој е еден од фаворитите за преземање на тимот на “Кревен Котиџ”.

Фулам засега нема постојан тренер, откако Силва после пет години го напушти и се насочи кон Бенфика.

На почетокот на оваа година, Арбелоа привремено го водеше првиот тим на Реал Мадрид, откако Чаби Алонсо замина. Како поранешен тренер на резервниот тим на мадридскиот клуб, Арбелоа ја водеше екипата во тежок период, но резултатите не беа на посакуваното ниво.

Дебито на неговата тренерска кариера во “кралскиот клуб” беше обележано со елиминација од Албасете во Купот на Кралот, додека Бајерн Минхен ги заустави во четвртфиналето на Лигата на шампионите со вкупен резултат 6:4.

Сезоната во Примера, тимот на Мадрид ја заврши на второто место, осум бодови зад шампионот Барселона.

И покрај тоа, Арбелоа би можел да добие можност прв пат трајно да води клуб од едно од најсилните европски првенства. Дополнително, тој има искуство со англискиот фудбал, бидејќи во текот на играчката кариера настапувал за Ливерпул и Вест Хем во Премиерлигата.

Според британските медиуми, преговорите помеѓу Фулам и Арбелоа се во тек, а се чини дека договорот е на работ на реализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Канада загрижени: Босанците можат да ги посрамотат!

Натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина, кој во петок ќе се одржи на стадионот БМО Ф…