Дома Фудбал Почетокот на патот на Алонсо во Реал Мадрид ќе биде пеколен

Почетокот на патот на Алонсо во Реал Мадрид ќе биде пеколен

Оваа сезона веројатно ќе биде најкратката пауза помеѓу две сезони за европските великани, така и за Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Само минатата недела заврши шпанското првенство, а Реал Мадрид веќе се подготвува за следната сезона.

Поради новиот формат на Светското првенство за клубови, паузата за големите европски клубови меѓу сезоните никогаш нема да биде помала.

Тоа е случај и за кралскиот клуб, каде неодамна тренерската палка ја презеде нивниот поранешен играч – Чаби Алонсо.

Алонсо официјално беше претставен и веќе имаше прво обраќање пред медиумите на новото работно место.

Шпанскиот стратег нема да има многу време за одмор, бидејќи првиот тренинг за новата сезона е закажан за 9 јуни.

Алонсо тогаш ќе се соочи со многу непријатна ситуација бидејќи ќе има на располагање само пет играчи за тренинг.

Станува збор за Себаљос, Фран, Асенсио, Лукас и Родриго. 11 од нив ќе имаат обврски со репрезентација, а осум играчи се повредени.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона и Манчестер Сити се сè поблиску до договор за Родри

Барселона и Манчестер Сити се многу блиску до финален договор за трансферот на Родри. Спор…