Дома Фудбал Победа над Виљареал, но големи грижи за Алонсо – двајца фудбалери се повредија!

Победа над Виљареал, но големи грижи за Алонсо – двајца фудбалери се повредија!

Реал Мадрид со 3-1 ја совлада Виљареал во дербито од шпанската Ла Лига, но триумфот донесе и горчлив епилог за тренерот Чаби Алонсо.

Килијан Мбапе, кој го постигна третиот гол за „кралевите“, мораше да ја напушти играта поради повреда на зглобот. Лекарскиот тим веднаш интервенираше, а наскоро ќе биде познато колку време ќе му биде потребно за опоравување.

Проблемите не застануваат тука – младата надеж Франко Мастантуоно, исто така, почувствува болка и по прегледите е утврдено истегнување на задната ложа. Според првичните информации, и тој ќе биде принуден на пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп и Јовановиќ во вербален дуел, но со почит на крајот

Германија и Грција одиграа без голови во Лигата на нации, а Клоп и Јовановиќ имаа интересе…