Французинот Мишел Платини изненади со изјавата поврзана за неговиот поранешен клуб, Јувентус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, Платини истакна дека во овој момент не би знаел да наброи тројца сегашни фудбалери од редовите на „старата дама“.
„Не следам многу Серија А бидејќи во Франција нема телевизија која ги пренесува натпреварот. Искрено не знам да набројам тројца фудбалери на Јувентус, но се радувам кога ќе слушнам дека Јуве победил. Тоа е клуб во кој поминав многу убави моменти, но беше поодамна, пред повеќе од 40 години“, изјави Французинот.
Француската легенда своевремено беше и прв човек на Европскиот фудбал, но функцијата ја напушти поради скандалот со корупција за Мундијалот во Катар поради што беше и суспендиран.