Дома Фудбал Пиоли се враќа во Серија А и со себе носи искусен напаѓач

Пиоли се враќа во Серија А и со себе носи искусен напаѓач

Авантурата на Стефано Пиоли во Ал Наср заврши побрзо отколку што се очекуваше. Како и многу други европски тренери кои се одлучија за предизвик во Саудиска Арабија, и Пиоли не се задржа долго во клубот.

Според најновите информации, искусниот италијански стратег е веќе подготвен за ново поглавје во својата кариера – враќање во Серија А, на кормилото на Фиорентина. Наводно, одлуката е донесена, а официјализацијата на соработката се очекува наскоро.

Пиоли веќе има јасна визија за засилување на тимот, а негов приоритет во нападот е босанскиот голгетер Един Џеко.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо повторно на терен по 11 години: Одигра полувреме и најави дека може пак!

Бразилската легенда настапи за Равена против Форли и беше дел од акцијата за голот на Дона…