Дома Фудбал Петтолигаш го понижи славниот клуб, а по натпреварот сцени што ќе ги паметат засекогаш (Видео)

Петтолигаш го понижи славниот клуб, а по натпреварот сцени што ќе ги паметат засекогаш (Видео)

Куп натпреварите секогаш нудат сензации и некои романтични приказни кои изгледаат како бајки, а таква беше ситуацијата вчера во Франција во шеснаесеттина финалето на Купот на Франција.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Францускиот петтолигаш, аматерскиот тим Бургоен Жале, по пенали го елиминираше славниот Лион.

Регуларниот дел од натпреварот заврши со резултат 2:2.

Инаку, Бургоен Жале игра во Национал 2 лигата, што е петти ранг во француската пирамида, но не се исплашија од големиот Лион.

Напротив, покажаа заби и на крајот ги шокираа популарните Лавови, а по натпреварот на стадионот имаше сцени за паметење.

Кога го постигнаа последниот пенал за триумф, целиот стадион беше во делириум. Навивачите влетаа на теренот и настана вистински хаос..

Огромен резултат за Бургоен Жале, клуб од град со 29.000 жители.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Барселона денеска падна и најважниот потпис!

Германскиот стратег Ханси Флик го продолжи својот договор со Барселона до 30 јуни 2028 год…