Дома Фудбал Петарда на Барселона против Комо: Два гола на Јамал, нова асистенција на Рашфорд

Петарда на Барселона против Комо: Два гола на Јамал, нова асистенција на Рашфорд

Фудбалерите на Барселона го декласираа Комо со 5:0 во натпреварот за трофејот Жоан Гампер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Потребни беа дваесет минути во првото полувреме на тимот на Ханси Флик за да го решат прашањето околу победникот, кога постигнаа четири гола во интервал од 21. до 41. минута.

Фермин Лопез ја отвори серијата и постигна за 1:0.

Истиот играч повторно се запиша како стрелец со асистенција од Френки де Јонг.

Потоа, Рашфорд асистираше до Рафиња кој ја затресе мрежата. Подоцна, бразилскиот играч му асистираше на Ламин Јамал за 4:0.

Новата Барселонска “десетка” го постави конечниот резултат од 5:0 во 49. минута од додавање на Торес.

Сите голови можете да ги погледнете во видеото подолу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Олисе и Баерн сакаат состанок, причината е – Реал Мадрид?

Мајкл Олисе сака состанок со челниците на Баерн Минхен по завршување на Светското првенств…