Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е творец на најголемата фудбалска сила, каква што е Реал Мадрид. Овој 77-годишник потпиша со десетици големи играчи и го направи својот тим најдобар.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Перез како претседател на Реал направи најдобри можни потези, а посебно му се оддава признание за трансферите кои ја променија сликата на клубот.
Ретко кога ангажираше слободни играчи, но тоа веќе стана тренд во Мадрид. Перез на овој начин ангажираше едно од најголемите засилувања во поново време, а зборуваме за Килијан Мбапе кој летово пристигна од Париз.
Мбапе и самиот рече дека може многу повеќе, но дека го очекуваат неколку сјајни години во Мадрид. Со ова се согласи и Перез, кој изјави: „Мбапе ќе стане легенда на Реал, за тоа не се сомневам.“