Дома Трансфер зона Перез не сака да плати 100 милиони евра? Два други европски гиганти ќе водат битка за потписот на „бисерот“ на Баер Леверкузен!

Перез не сака да плати 100 милиони евра? Два други европски гиганти ќе водат битка за потписот на „бисерот“ на Баер Леверкузен!

Германскиот бисер Флоријан Вирц би можел да биде најголемата и најскапата „бомба“ на летото 2025 година.

Речиси никој не очекува Вирц да остане кога Чаби Алонсо ќе го напушти Баер Леверкузен, нешто што се очекува да се случи ова лето. Шпанецот важи за најголем фаворит за наследник на Карло Анчелоти кој веројатно ја одработува својата последна сезона во Мадрид.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Очекувано како потенцијална дестинација се споменува Реал Мадрид, но доверливиот новинар Марио Кортехана истакнува дека Флорентино Перез нема намера да ги исполни барањата на Баер и да плати над 100 милиони евра за германскиот репрезентативец.

Иако во Вирц гледаат засилување слично како Џуд Белингем кој беше платен над 100 милиони во Реал наводно сметаат дека тој не вреди толку.

Но затоа во игра има повеќе клубови кои ќе бидат во трка до самиот крај, а пред се – Баерн Минхен и Манчестер Сити. Баерн одамна е познат како ловец на сите најдобри играчи од Бундеслигата, особено ако се репрезентативци, а сите во Баварија фантазираат за тандемот Мусијала-Вирц.

Од друга страна, Пеп Гвардиола ќе мора да го освежи тимот, Кевин Де Брујн има проблеми со повреди и не доминира како некогаш. Исто така се најавува и негово заминување, па Вирц би можел да биде прва мета.

Вирц и оваа сезона игра добро, на 19 натпревари постигна девет гола и додаде четири асистенции, а „Трансфермарк“т го проценува на 130 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед спремен да ја плати откупната клаузула за Осимен

Виктор Осимен би можел во зимскиот преоден рок да направи трансфер во Премиер лигата, прен…