Дома Фудбал Перез ја гледаше катастрофата на Реал на „Емирати“ и веднаш посака фудбалер на Арсенал

Перез ја гледаше катастрофата на Реал на „Емирати“ и веднаш посака фудбалер на Арсенал

Реванш натпреварот од четврт-финалето на Лигата на Шампионите помеѓу Арсенал и Реал Мадрид ќе се одигра во среда и тогаш ќе дознаеме кој од овие два клуба ќе патува во полуфиналето на ова натпреварување.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Топџиите по првиот натпревар одигран на Емирати имаат голема предност бидејќи остварија победа од 3:0.

Од друга страна, она што ги загрижува навивачите, но и сите во Арсенал, е фактот дека токму Реал Мадрид е тимот кој може да се врати и од невозможни ситуации и тоа го покажале повеќе пати низ историјата.

Како што стојат работите, во Реал Мадрид се подготвени за одмазда на Арсенал за поразот на Емирати, но и за евентуалната елиминација од ова издание на Лигата на Шампионите.

Првиот човек на овој клуб, Флорентино Перес, е воодушевен од настапот на Вилијам Салиба против Реал Мадрид и сака да го доведе во својата екипа ова лето.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити го објави дресот за новата сезона: Еве како изгледа (Видео)

Манчестер Сити го претстави својот нов дрес за домашни натпревари во сезоната 2026/27. Ово…