Дома Фудбал Пеп Гвардиола ќе добие статуа и трибина на „Етихад“

Пеп Гвардиола ќе добие статуа и трибина на „Етихад“

Пеп Гвардиола ќе добие статуа пред стадионот Етихад, а северната трибина на Манчестер Сити ќе биде преименувана во негова чест, соопшти англискиот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Клубот наведе дека статуата на легендарниот тренер ќе биде поставена на пристапот кон новоименуваната трибина „Трибина на Пеп Гвардиола“.

Северната трибина на стадионот Етихад, која неодамна беше проширена, ќе го носи името на трофејниот шпански стручњак.

„Одамна реков дека Манчестер Сити мора да ги има најдобрите луѓе на располагање, како на теренот, така и надвор од него. Во текот на десет години, Пеп беше олицетворение на таа амбиција,“ изјави сопственикот на клубот шеикот Мансур.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бомба од Мадрид: Познато е првото засилување на Реал за новата сезона?

Реал Мадрид почнува нова ера со Жозе Мурињо на клупата. Кралевите после две години без тро…