Дома Фудбал Панчев за Вардар: Го гледавме како Реал Мадрид, а го исфрливме со три милиони евра буџет, тие имаа – 100!

Панчев за Вардар: Го гледавме како Реал Мадрид, а го исфрливме со три милиони евра буџет, тие имаа – 100!

Maкедонската фудбалска легенда Дарко Панчев беше гостин на „Н1 Телевизијата“ каде што зборуваше за разни теми од кариерата.

Една од темите за која Панчев зборуваше беше и Вардар


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


“Не сум таму веќе пет години. од дека кога бевме со Илија Најдовски. За две години се пласиравме во Лига Европа. Ако ви кажам дека пласманот го остваривме со 3 милиони евра, тоа е смешно. Ние тогаш го исфрливме Фенер кој имаше буџет од 100 милиони. Ги гледавме како Реал, бидејќи таква беше разликата. Поради тоа спортот е прекрасен, бидејќи се случи Давид да го победи Голијат. Очекувавме газдата да го зголеми буџетот за да се засилиме. Газдата не послуша, па ги изгубивме сите натпревари. Зенит и Сосиедад ни дадоа по четири до пет голови. Подоцна рекоа дека сум бил во право, но тоа не зависи од нас. Работиме работа што ја разбираме во спортскиот дел. За жал, другите луѓе одлучуваат и тоа беше причината поради која Вардар потоа дојде во таа ситуација. Се повлековме бидејќи од тоа ништо не излезе. Не сакавме да работиме само онака. Сакаме резултати, како што останавме запаметени дека сме првиот тим од Македонија кој влезе во Лига Европа,”, се потсети Панчев:

За Панчев, Един Џеко е најдобриот напаѓач од овие простори за 21. век.

<Најдобриот напаѓач сигурно е Един Џеко, а тука беше и Мирко Вучиниќ кој играше многу добро во Италија. Од средните играчи тоа е Модриќ, Перишиќ ми се допаѓа исто така многу. Тој некогаш беше и клучен играч на таа селекција. Во одбраната има многу играчи, би го издвоил Савиќ од Црна Гора.. Голман сигурно е дека е Облак. Еден од најдобрите голмани во светот. Тука е и Немања Видиќ да не го заборавиме. Има многу добри играчи”, изјави Панчев..

Целосниот интервју на Панцев за N1 – ТУКА.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уапсен поранешен фудбалер на Реал Мадрид

Фабио Коентрао, некогашна ѕвезда на Реал Мадрид и португалски репрезентативец е фатен во к…