Дома Фудбал Паѓа рекордот на Нејмар: Палмер се наоѓа пред спектакуларен трансфер!?

Паѓа рекордот на Нејмар: Палмер се наоѓа пред спектакуларен трансфер!?

Ѕвездата на Челси, Кол Палмер, е поврзан со шокантен заминување од Стамфорд Бриџ во трансфер кој би го срушил светскиот рекорд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Палмер има 23 години и во Челси пристигна од ривалот во Премиершип, тимот на Манчестер Сити за околу 50 милиони евра.

Неодамна Палмер постигна два гола во победата на Челси против Париз Сен-Жермен во финалето на Светското клупско првенство.

Освен Палмер, еден гол додаде и новиот играч на Челзи, Жоао Педро, а овој тим на крајот славеше со 3:0 против ПСЖ на стадионот МетЛајф во Њу Џерси.

Сега се појавија шокантни вести кои велат дека Палмер може да замине од Челзи и така да го сруши светскиот рекорд.

Како што тврди шпанскиот Фичахес, челниците на ПСЖ одлучиле да направат амбициозен план и да го доведат Палмер во својот тим.

Наводно челниците на Париз Сен-Жермен подготвиле историска понуда од дури 250 милиони евра за овој фудбалер.

Во моментов, светскиот рекорд изнесува 222 милиони евра и го плати токму ПСЖ во 2017 година кога го доведоа Нејмар од Барселона.

Од Челзи наводно не размислуваат за продажба на Палмер, но прашање е што ќе биде ако до нив стигне официјална понуда од дури 250 милиони евра.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дали играше Ламин Јамал со рака кога го доби пеналот?

Пеналот со кој Микел Ојарзабал ја донесе Шпанија во водство предизвика многу полемики, но …