Дома Фудбал Падна договор: Ливерпул има нов тренер!

Падна договор: Ливерпул има нов тренер!

Андони Ираола наскоро треба да биде објавен како нов тренер на Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според информациите од Фабрицио Романо, клубот од Енфилд постигнал договор со шпанскиот тренер, кој се најде на мета на бројни клубови по одличните резултати со Борнмут.

Ливерпул неодамна ја објави разделбата со Арне Слот, а тогаш започнаа шпекулации дека Ираола е потенцијален наследник. Сега добиваме потврда дека договорот е постигнат.

Голема заслуга за ваквиот развој на настаните има Ричард Хјуз, кој порано соработуваше со Ираола во Борнмут, а моментално е директор во Ливерпул.

Ираола, кој има 43 години, на крајот од сезоната замина од Борнмут, каде што беше ангажиран од 2023 година. Под негово водство Борнмут ја заврши сезоната на шесто место во Премиер лигата и обезбеди учество во Лига Европа.

Ливерпул следната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите, бидејќи ја завршија сезоната на петтата позиција во англиското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн добро знаел што прави, откри како го надмудрил Ливаковиќ за пеналот

АНГЛИЈА триумфираше со 4:2 против Хрватска при отворањето на Светското првенство, а пресуд…